Министерот за надворешни работи на ТРСК Тахсин Ертугрулоглу: За секој чекор што ќе го фрлиме ќе одлучиме заедно со Турција

Министерот за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Тахсин Ертугрулоглу истакна дека за секој чекор што го фрлаат по прашањето на Кипар одлучуваат заедно со татковината Турција и дека не станува збор за промена на тоа

1550736
Министерот за надворешни работи на ТРСК Тахсин Ертугрулоглу: За секој чекор што ќе го фрлиме ќе одлучиме заедно со Турција

Министерот за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Тахсин Ертугрулоглу даде изјава за новинската Агенција Анадолија АА при што истакна дека за секој чекор што го фрлаат по прашањето на Кипар одлучуваат заедно со татковината Турција и дека не станува збор за промена на тоа.

Велејќи дека Кипарското прашање е национална кауза, Ертугрулоглу нагласи дека треба да завршат процесот и меѓународните политики со коишто кипарско-грчката страна се наградува, а кипарските Турци се казнуваат.

Тој напомена дека во блиско време би можела да се одржи конференција на тема Кипар во форматот 5+1 под водство на Обединетите нации (ОН) на која ќе учествуваат и гаранторските држави (Турција, Грција и Велика Британија), а воедно подвлече дека на овој состанок ќе се определи за што ќе се преговара.

„Доколку (на Кипарските разгвоори) биде поставен на дневен ред преговарачки процес на основа на суверената еднаквост на две одделни суверени држави, ние радо би го прифатиле тоа.“ - рече Ертугрулоглу.

Изнесувајќи проценки и во врска со активностите за пребарување јаглеводородни извори во Источниот Медитеран, министерот за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Тахсин Ертугрулоглу рече: „Доколку светот дојде на точката да покаже третман кон двете страни на островот со нивниот вистински статус, само тогаш може да биде поставено на дневен ред решавањето на проблемите по пат на преговори, вреднувањето на богатствата и споделувањето во рамките на правичноста, правото и правдата. Се додека продолжи нееднаквоста во третманот кон нас, никако не треба да се очекува од кипарско-грчката страна да дојде на патот на компромис.“

Ертугрулоглу, се осврна и на односите со Турција и го рече следното: „За секој наш чекор по Кипарското прашање се одлучува и се застанува во одбрана заедно со нашата татковина. Не станува збор за промена на тоа, бидејќи тоа е национална кауза.“

 



Слични вести