Ердоган: „Турција е земја која влева надеж на сите обесправени и угнетени луѓе во светот“

Ние придонесовме кон окончувањето на окупацијата на Нагорно Карабах, кон која 30 години беа индиферентни

1550829
Ердоган: „Турција е земја која влева надеж на сите обесправени и угнетени луѓе во светот“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција е земја која влева надеж на сите обесправени и угнетени луѓе во светот.

Претседателот на државата и претседател на Партијата на правда и развојот (АК Партија) Ердоган, на состанокот на пратеничката група во Големо национално собрание на Турција им се обрати на сопартијците.

„Денес, кога ќе се спомене Турција прво што ми паѓа на ум е човештво. Доаѓа правдата, достоинствена надворешна политика“ рече Ердоган потенцирајќи:

„Турција влева надеж на сите обесправени и угнетени луѓе во светот. Турција низ целиот свет застапува исправено држење без заканувачки потфати. Со искачувањето на ѕвездата на Турција се зголемуваат нападите  врз нашата земја. Фактот дека Турција како земја која се искачи на ниво да може да воспоставува игра на меѓународната арена којашто потсетува на шаховската табла, ги вознемирува оние што се хранат од конфликти и хаос“.

Во врска со победата на Азербејџан во Нагорно Карабах, Ердоган рече:

„Ние придонесовме кон окончувањето на окупацијата на Нагорно Карабах, кон која 30 години беа индиферентни“.

Во освртот на годинашниве односи на Турција со Европа и Соединетите Американски Држави, претседателот Ердоган рече:

„Додека ги развиваме нашите односи со Европа и Соединетите Американски Држави (САД), никогаш не можеме да ги занемариме турскиот свет, Азија, Латинска Америка и Африка. Сепак, и покрај сите наши напори, 2020 година беше година кога нашите односи со Европа и САД беа тестирани со вештачки агенди“.

Претседателот на Република Турција во продолжение рече дека Турција како во источно медитеранското прашања така и во врска со ракетно одбранбениот систем С-400 (купен од Русија) се соочува со двоен стандард.

„Се надеваме дека во новата година ќе отвориме нова страница во нашите односи со САД и Европа“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести