Ердоган: Новоизградената канцелариска зграда на Амбасадата во Дака е показател за значењето коешто им се придава на односите со Бангладеш

Претседателот Ердоган истакна дека новоизградената канцелариска зграда на Амбасадата на Турција во Дака е показател за значењето коешто им се придава на односите со Бангладеш

1550570
Ердоган: Новоизградената канцелариска зграда на Амбасадата во Дака е показател за значењето коешто им се придава на односите со Бангладеш

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео-порака на церемонијата што се одржа по повод свеченото отворање на новата канцелариска зграда на Амбасадата на Турција во главниот град на Бангладеш, Дака.

Претседателот Ердоган истакна дека новоизградената канцелариска зграда на Амбасадата на Турција во Дака е показател за значењето коешто им се придава на односите со Бангладеш.

Велејќи дека по повод официјалното свечено отворање на новоизградената канцелариска зграда министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во Дака и дека и самиот чувствува големо задоволство од учеството на оваа свеченост по пат на видео порака, претседателот Ердоган истакна дека ова убаво дело е показател за значењето коешто им се придава на односите со Бангладеш.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган појасни дека една друга значајна димензија сочинува состојбата на муслиманите Рохинга, во врска со што во видео пораката го истакна следното:

„Го цениме хуманитарниот (човечки) и совесен став со којшто Бангладеш застана во одбрана на муслиманите Рохинга кои избегаа од масакрот (во Мјанмар). Ги продолжуваме нашите активности за излекување (стишување) на раните на муслиманите Рохинга кои живеат во камповите во Бангладеш и Мјанмар. Ќе продолжиме да вложуваме напори на сите платформи за доставување поддршка на Бангладеш по ова прашање и за решавање на ова прашање со праведност.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на церемонијата истакна дека е изградена смарт (умна) зграда којашто освен тоа што е модерна ги презентира и турските традиции и архитектура.

Чавушоглу рече: „Посакавме да изградиме зграда којашто ќе им доликува ѝ на Република Турција ѝ на братски Бангладеш, и навистина така стана. Чувствувам посебна радост и гордост од тоа што и придаваме нови амбасадорски и конзуларни згради на нашата земја насекаде низ светот.“

Нагласувајќи дека новоизградената зграда на Амбасадата не е дом само на турските граѓани кои живеат овде, туку е дом на сите граѓани на Бангладеш, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу посака новоизградената зграда да обезбеди поголем придонес за односите помеѓу Турција и Бангладеш.

 



Слични вести