Остра реакција од министерот Сулејман Сојлу против нечовечкиот третман на Грција против мигрантите

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на социјалната медија ги сподели снимките на кои се гледа отворено лошиот третман што го вршат елементите на грчките безбедносни сили против нерегуларните мигранти во Егејското Море

1549502
Остра реакција од министерот Сулејман Сојлу против нечовечкиот третман на Грција против мигрантите

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу покажа остра реакција против измачувањата, тортурата и нечовечкиот третман што го вршат грчките елементи против мигрантите.

Министерот Сојлу на својот профил на социјалната медија ги сподели снимките на кои се гледа отворено лошиот третман што го вршат елементите на грчките безбедносни сили против нерегуларните мигранти во Егејското Море, при што и се обрати на еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Сулејман Сојлу во споделената објава привлече внимание дека при потонување на сплав на којшто се наоѓале 5 мина нерегларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле тепани и турнати назад (насилно вратени) кон турските територијални води, тројца мигранти се удавиле во морето.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на социјалната мрежа го напиша следното: „Госпоѓа Илва Јохансон, измачувањата, тортурата и нечовечкиот третман на Грција веќе се претворени во убиство. Зарем нема да се побара сметката од Грција за овие убиства коишто се изоставуваат од вид од страна на ФРОНТЕКС?“

Сојлу, во своите споделени објави на англиски и турски ги додаде и официјалните адреси, профили на Европската комисија (ЕК) и ФРОНТЕКС.



Слични вести