Корветите од заедничко турско-украинско производство ќе се градат во градот Николаев

Во соопштението се вели дека бродоградилиштето „Океан“ во градот Николаев, во Украина е избрано од страна на Претседателството за одбранбена индустрија на Турција земајќи ги во предвид неговите технички карактеристики и квалификуваниот персонал

1549799
Корветите од заедничко турско-украинско производство ќе се градат во градот Николаев

Корветите од заедничко турско-украинско производство ќе се градат во бродоградилиштето „Океан“ во градот Николаев, во Украина.

Во објавеното соопштение од бродоградилиштето се истакнува дека во рамките на рамковниот договор за соработка помеѓу Украина и Турција потпишан во октомври и воените договори потпишани на 14 декември, е потпишан е меморандум со Претседателството за одбранбена индустрија на Турција за производство на корвети за Поморските сили на Украина.

Во соопштението се вели дека бродоградилиштето „Океан“ во градот Николаев, во Украина е избрано од страна на Претседателството за одбранбена индустрија на Турција земајќи ги во предвид неговите технички карактеристики и квалификуваниот персонал.



Слични вести