Хулуси Акар: Турција е едната од првите две земји меѓу армиите во светот во мерките против Ковид-19

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека по прашањето на мерките коишто се преземаат против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) Турција е едната од првите две земји меѓу армиите во светот

1549993
Хулуси Акар: Турција е едната од првите две земји меѓу армиите во светот во мерките против Ковид-19

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Поморската база Аксаз во населеното место познатото туристичко одморалиште Мармарис кај градот Мугла, учествуваше во програмата во живо на еден телевизиски канал кадешто одговараше на поставените прашања во врска со актуелниот дневен ред.

Акар истакна дека по прашањето на мерките коишто се преземаат против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) Турција е едната од првите две земји меѓу армиите во светот.

На поставеното прашање „Во врска со мерките коишто се преземаат против коронавирусот во Турските вооружени сили (ТВС)“, министерот Хулуси Акар го рече следното: „Во нашите операцииони подрачја, кај нашите пилоти и на нашите бродови нема никаков случај на Ковид-19. Би можел да кажам дека во точката до којашто сме дојдени сме едната од првите две земји меѓу армиите во светот.“

На поставеното прашање во врска со одлуката за санкции што ја соопштија Соединетите Американски Држави (САД) против Турција, Акар рече: „Ова е применување коешто не треба да постои помеѓу двете земји и двата сојузници.“

Привлекувајќи внимание дека оваа одлука повеќе од материјалните последици е многу позначајна поради ситуацијата којашто ќе се појави во рамките на довербата, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Како што истакнавме претходно бројни пати, претставува работа за снабдување којашто ја реализиравме за обезбедување на воздушната одбрана на нашата земја и нашиот 83 милионски народ и нашите граѓани. Ние од 1982 година пробаме различни методи за воздушната одбрана на нашата земја.“

Акар појасни дека по реализираните различни контакти земјата којашто даде поволен одговор беше Русија и продолжи со следните зборови:

„Во тие рамки, ние одевме на набавување противвоздушно одбранбен систем С-400 од долг дострел. И во моментов ние го направивме нашето планирање во склопот на  бројни фактори, политички, воени, економски, технолошки.

Моментално се вршат контролите и прегледите поврзани со набавката на системот за којшто станува збор. Нашите активности продолжуваат според планираното.

Треба да се знае дека од овие санкции ќе бидат подложени на негативно влијание некои активности коишто ги реализираме со Америка, на чело со НАТО. /... /

Турција не е било која држава и земја. Турските вооружени сили (ТВС) не се било кои вооружени сили. Говориме за една земја, вооружени сили, за регион кои се значајни во нашите билатерални активности внатре во НАТО и со Америка. На Блискиот исток,  без Турските вооружени сили (ТВС) не можете да направите било што, земајќи ги наспроти вас Турските вооружени сили (ТВС). И тоа треба да се знае.“

 



Слични вести