Хулуси Акар: Одлуката на САД за санкции ќе се одрази негативно и на НАТО сојузот

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека одлуката на САД за санкции ќе се одрази негативно и на НАТО сојузот

1550113
Хулуси Акар: Одлуката на САД за санкции ќе се одрази негативно и на НАТО сојузот
akar.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) во Командата на поморската база во Мугла ја следеа воената вежба „Тигрова шепа 2020“.

Во говорот што го одржа овде пред војниците се осврна на одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за санкции поради противвоздушно одбранбениот систем С-400 што Турција го купи од Русија.

Акар истакна дека одлуката на САД за санкции ќе се одрази негативно и на НАТО сојузот.

„Очекуваме САД да увидат дека оваа донесена одлука е погрешна и што поскоро да се вратат назад од оваа одлука, да согледат дека оваа одлука не само на Турција, ќе се одрази негативно и на НАТО, а истовремено и на одредени активности на САД овде. Ние ги продолжуваме нашите активности во рамките на донесената одлука по ова прашање.“ - рече Акар.

Тој нагласи дека што се однесува на Егејот, Источниот Медитеран и Кипар пак, Турција е на страната на изнаоѓање решение за сите проблеми во рамките на дијалогот и добрососедските односи.

Велејќи дека Турција ги објавува секој вид соопштенија по овие прашања и вложува напори за разбирање на вистините, Акар рече: „Ние не сме на страната на затегнатост, покачување на тензијата. Ние сме на страната на што поскоро воспоставување на мирот и спокојството. За жал тензијата ја покачува нашиот сосед. Оној кој ја зголемува затегнатоста е нашиот сосед, оној кој бега од дијалог е нашиот сосед.“

Хулуси Акар, поставувајќи го прашањето „Што прави нашиот сосед?“, продолжи со следните зборови: „Нашиот сосед за три месеци објави 46 NAVTEX'и, и почнувајќи од 1 октомври прогласи вкупно 22 зони за вежби во Егејот и во Источниот Медитеран. Од нив користеше само две. Уште еднаш би сакал да ги потсетам и тоа дека сето тоа е во спротивност со добрососедските односи.“

Укажувајќи и на проблемите помеѓу Турција и Грција во Егејот и Источниот Медитеран, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го рече следното: „Тоа што Грција се повлекува и се обидува на одреден начин овие проблеми да ги прикаже како проблем меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), е целосно во спротивност со вистините. Ако постои проблем, тоа се проблеми помеѓу Турција и Грција. Овие проблеми се обидуваат да ги прикажат како проблеми меѓу Турција и Европската унија (ЕУ. Тоа апсолутно не ги одразува вистините, претставува залуден обид.“

 



Слични вести