Хеико Мас: Барањето на Грција за ембарго за оружје кон Турција не е праведно

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека барањето на Грција за санкции врз Турција поради случувањата во Источниот Медитеран не е праведно

1549807
Хеико Мас: Барањето на Грција за ембарго за оружје кон Турција не е праведно

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас во дадената изјава за германската новинска агенција „ДПА“ истакна дека барањето на Грција за санкции врз Турција поради случувањата во Источниот Медитеран не е праведно.

Мас рече: „Барањето за ембарго за оружје кон Турција стратешки не го сметам за праведно. И не е лесно да да му се направи тоа еден НАТО партнер. НАТО партнерот Турција, поради тоа што не можеше да купи ракети од Соединетите Американски Држави (САД), видовме дека купи лесно од Русија.“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас, исто така истакна дека се уште не ја изгубил надежта за решавање на недоразбирањето во Источниот Медитеран преку дипломатски канали и ја изнесе следната констатација: „Секако, ние продолжуваме да веруваме дека спорот има решение и дека не мораме НАТО партнерот да го отстраниме трајно од соработката во вооружувањето.“



Слични вести