Чавушоглу во Индонезија примен кај претседателот Видодо, а се состана и со министерот за одбрана Субианто

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше примен кај индонезискиот претседател Јоко Видодо, а се состана и со министерот за одбрана Прабово Субианто

1549851
Чавушоглу во Индонезија примен кај претседателот Видодо, а се состана и со министерот за одбрана Субианто

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше примен кај индонезискиот претседател Јоко Видодо, а се состана и со индонезискиот министер за одбрана Прабово Субианто.

Чавушоглу во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека во Индонезија кадешто престојува во посета беше примен кај претседателот Јоко Видодо.

Велејќи дека во оваа прилика му го доставил на претседателот Видодо поздравот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Мевлут Чавушоглу рече: „Првиот состанок на Стратешкиот совет на високо ниво ќе се одржи идната година за време на посетата на нашиот почитуван претседател. Нашите односи со пријателска и братска Индонезија, нашиот клучен партнер во Југоисточна Азија, се развиваат во секоја сфера.“

Според добиени информации од дипломатски извори, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу потоа се состана со индонезискиот министер за одбрана Прабово Субианто од чија страна беше дочекан со воена церемонија. 

Потоа двајцата министри, Чавушоглу и Субианто, одржаа меѓуделегациски разговори. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу потсети дека индонезискиот министер за одбрана Прабово Субианто во последните 5 години 5 пати ја посети Турција и го рече следното: „Уште повеќе ќе ја зајакнеме нашата соработка во одбранбената индустрија. Наскоро сакаме да го потпишеме договорот за одбранбена соработка.“

 



Слични вести