Чавушоглу: Турција и Индонезија имаат потреба од соработка за зголемување на трговскиот обем

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција и Индонезија имаат потреба од соработка за зголемување на трговскиот обем

1549756
Чавушоглу: Турција и Индонезија имаат потреба од соработка за зголемување на трговскиот обем

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во работна посета на Индонезија даде изјава за весникот "Компас" кадешто направи проценка на односите помеѓу двете земји и соработката во сферите на инвестирањето и трговијата. 

Чавушоглу истакна дека Турција и Индонезија имаат потреба од соработка за зголемување на меѓусебниот трговски обем.

Велејќи дека обемот на трговијата и инвестирањето на Турција во Индонезија не се на посакувано ниво и дека и двете земји располагаат со потенцијал на поголеми економски односи, Чавушоглу рече: „Турција и Индонезија имаат потреба од соработка за зголемување на највисоко ниво на сите распространети механизми, со цел зголемување на трговскиот обем.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напомена дека Турција и Индонезија располагаат со блиски односи, вредности и заеднички интереси.

Нагласувајќи дека односите помеѓу двете земји се зголемени на постратешко ниво, Чавушоглу рече: „Во тие рамки во правец на откривање на можностите за работа функционерите на двете земји се подготвуваат за Самитот на Стратешкиот совет на високо ниво помеѓу Турција и Индонезија.“

Тој појасни дека Турција има за цел да се реализира трговски обем со Индонезија во висина од 10 милијарди долари.

Велејќи дека и одбранбената индустрија е од секторите коишто би можеле да бидат зајакнати помеѓу двете земји, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го додаде следното: „Турција е едната од земјите кои располагаат со најдобра одбранбена индустрија. Турција, освен квалитетот и конкурентната цена, нуди три предности во кои во текот на процесот не постои политичка препрека.“

 



Слични вести