Средба на претседателот на Собранието Шентоп со претседателот на Северна Македонија Џафери

Двајцата претседатели на собранијата на Турција и Северна Македонија, Мустафа Шентоп и Талат Џафери, изразија заложби за понатамошно унапредување и зајакнување на соработката во сите полиња и надеж за продлабочување на одличните меѓупарламентарни односи

1549367
Средба на претседателот на Собранието Шентоп со претседателот на Северна Македонија Џафери
TBMM Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Meclis Başkanı Talat Caferi2.jpg
TBMM Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Meclis Başkanı Talat Caferi4.jpg
TBMM Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Meclis Başkanı Talat Caferi3.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој во придружба на група пратеници престојува во посета на Скопје се состана со својот колега претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека Република Северна  Македонија има особено значење за Република Турција, нагласувајќи дека Турција го подржуваше секој нејзин чекор на меѓународен план.

Тој нагласи дека, односите меѓу Турција и Северна Македонија добиваат нова димензија по членството на Северна Македонија во  НАТО, каде што двете земји продолжуваат да соработуваат како сојузници.

„Турција и понатаму останува силен подржувач на интегрирањето на Република Северна Македонија во Европската унија“ - рече Шентоп.

Претседателот Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп се осврна на претседавањето на Република Турција со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и информираше за претстојните парламентарни активности во рамките на турското претседателството.

Шентоп, воедно упати честитки за полноправното членство на Северна Македонија во Организацијата за црноморска економска соработка (ОЦЕС).

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери изрази задоволство од повторната посета на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, која се совпаѓа со одбележувањето на 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик.

Џафери оцени дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција се на највисоко ниво и се одвиваат по нагорна линија, особено на политичко, економско и културно ниво, а добрите и пријателски односи меѓу двете земји се пресликани и во плодната парламентарната соработка.

Талат Џафери се заблагодари за континуираната поддршка што Република Турција ѝ ја дава на Република Северна Македонија, пред сè на полето на одбраната, внатрешните работи и членството во НАТО. Тој информираше за најновите настани во врска во европската интеграција, изразувајќи надеж дека наскоро ќе бидат надминати разликите и ќе се пронајде начин да се отвори патот на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Претседателите на на собранијата на двете земји, Мустафа Шентоп и Талат Џафери, разменија мислења за последиците, начините и мерките за справување со пандемијата со КОВИД-19 и функционирањето на парламентите под посебни заштитни протоколи.

Претседателот Џафери ја поздрави солидарноста на Турција во борбата со пандемијата и се заблагодари за добиените турски донации со помош за справување со здравствената криза.

Претседателите на Собранијата на Турција и Северна Македонија, Мустафа Шентоп и Талат Џафери, изразија задоволство што меѓусебната трговска размена не се намалила за време на пандемијата, што покажува дека економските односи се засновани на солидна основа. На средбата стана збор и за борбата против тероризмот и поддршката што парламентите ја даваат на владите на овој план. 

Соговорниците изразија заложби за понатамошно унапредување и зајакнување на соработката во сите полиња и надеж за продлабочување на одличните меѓупарламентарни односи.

(Веб страница на Собранието на Република Северна Македонија)
 



Слични вести