Привремено запрени летовите со 4 земји

Министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека е одлучено привремено да се запрат летовите од Британија, Данска, Холандија и Јужна Африка за Турција

1548925
Привремено запрени летовите со 4 земји

 

Привремено запрени летовите од Британија, Данска, Холандија и Јужна Африка за Турција.

Министерот за здравство Фахретин Коџа, во објавата преку профилотна социјалната мрежа Твитер истакна:

„Со мутацијата на новиот тип на коронавирус Ковид-19, беше објавено дека стапката на заразување во Велика Британија е зголемена. Затоа по инструкција на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во координација со Министерството за инфраструктура одлучено е привремено да се запрат летовите од Британија, Данска, Холандија и Јужна Африка за Турција.

„Во рамките на мерките, сите патници коишто се уште се на пат ќе ќе бидат тестирани и ќе се применуваат правила за карантин“ рече Коџа.

Светската здравствена организација соопшти дека мутираната верзија на вирусот откриена во Англија беше забележана и во Холандија, Данска и Австралија.



Слични вести