Претседателот на Собранието Шентоп се состана со претседателот на Северна Македонија Пендаровски

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Турција и Северна Македонија коишто се одвиваат во духот на силно традиционално пријателство и партнерство, преку соработка на сите нивоа

1549389
Претседателот на Собранието Шентоп се состана со претседателот на Северна Македонија Пендаровски
Mustafa Şentop Stevo Pendarovski Görüşmesi2.jpg
Mustafa Şentop Stevo Pendarovski Görüşmesi3.jpg
Mustafa Şentop Stevo Pendarovski Görüşmesi4.jpg
Mustafa Şentop Stevo Pendarovski Görüşmesi5.jpg
Mustafa Şentop Stevo Pendarovski Görüşmesi6.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој во придружба на многучлена парламентарна делегација престојува во посета на Скопје се состана со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

Според објавеното писмено соопштение од кабинетот на претседателот на Северна Македонија, на средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Турција и Северна Македонија коишто се одвиваат во духот на силно традиционално пријателство и партнерство, преку соработка на сите нивоа.

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски изрази уверување дека со НАТО сојузништвото двете држави даваат придонес за стабилноста и безбедноста во регионот.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, изразија очекување за натамошно продлабочување на македонско-турските билатерални односи, во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја меѓупарламентарната соработка.

Освен тоа, на средбата беа разменети мислења и информации и за актуелните состојби во двете држави, во контекст на пандемијата од новиот тип коронавирус (Ковид-19) како и за општата состојба во регионот.

Претседателот Стево Пендаровски воедно изрази благодарност за севкупната помош од Турција за справување со пандемијата од Ковид-19, истакнувајќи ја важноста на солидарноста, соработката и меѓусебната поддршка на државите, како значаен предуслов за успешно справување со последиците од глобалната пандемија.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во рамките на своите средби и разговори во Скопје се состана и со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

(Веб страница на претседателот на Република Северна Македонија)

 



Слични вести