Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп ја предупреди Северна Македонија по прашањето на ФЕТО

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп нагласи дека Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) која се обиде да изврши пуч во Турција, е меѓународна терористичка организација и дека ФЕТО во секоја земја во која делува цели против државата

1549384
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп ја предупреди Северна Македонија по прашањето на ФЕТО
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Başbakanı Zoran Zaev Görüşmesi1.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Başbakanı Zoran Zaev Görüşmesi2.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Başbakanı Zoran Zaev Görüşmesi3.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Başbakanı Zoran Zaev Görüşmesi5.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Başbakanı Zoran Zaev Görüşmesi6.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој во придружба на парламентарна делегација престојува во посета на Северна Македонија, во рамките на своите средби и разговори во Скопје се состана и со премиерот Зоран Заев.

Мустафа Шентоп му се зблагодари на Заев за срдечниот дочек и рече: „Овде дојдовме со многучлена делегација. Овде се ѝ нашите сонародници ѝ нашите роднини. Ние секогаш овде доаѓаме многу среќни. За жал епидемијата продолжува. Ние не сакаме нашите односи да западнат во застој.“

Велејќи дека Турција секогаш ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија, Шентоп рече: „Повторно посакувам да биде аирлија и вашето членство во НАТО“. 

Шентоп нагласи дека целта во трговскиот обем помеѓу двете земји е една милијарда долари и рече дека тоа ќе се долови без да се дозволи да дојде до застој и до забавување во брзината, поради епидемијата.

Тој подвлече дека ги поттикнуваат турските бизнисмени да инвестираат во Северна Македонија и дека ги поддржуваат бизнисмените по прашањата на одбраната, природниот гас и индустријата.

Претседателот на Собранието Шентоп напомена дека треба да се ажурира Договорот за слободна трговија помеѓу двете земји и дека тоа ќе се оствари во кусо време.

Шентоп изјави дека историјата на човештвото може да се подели на два дела, пред и по епидемијата и рече: „Ние во овој процес постојано инвестиравме во луѓето. Шејх Едебали го советувал основачот на Османлиската држава, Осман Гази на следниот начин: ‘Овозможи да живее човекот, за да живее државата’. Ние овој збор (совет) на светот му го велиме вака: Овозможи да живее човекот, за да живее светот.“

Велејќи дека во светот во којшто се е испреплетено треба да постои идеал за свет во кој ќе преовладуваат мирот, правдата и еднаквите права, Шентоп рече: „Во Северна Македонија луѓето од различно етничко потекло живеат во мир. Тоа треба да биде пример за светот.“

Мустафа Шентоп нагласи дека Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) која се обиде да изврши пуч во Турција, е меѓународна терористичка организација и напомена дека ФЕТО во секоја земја во која делува цели против државата.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп подвлече дека припадниците на ФЕТО ја прикриваат секоја работа што ја прават и го рече следното: „Ние не сакаме да и наштети и на нашата пријателска и братска. Ова се организации подизведувачи на некои држави. Поради тоа што не сакаме да и се наштети и на Северна Македонија, посакувам да се преземат чекори по ова прашање, во најскоро време.“

- Премиерот Зоран Заев: Турција секогаш е најголемиот поддржувач на Северна Македонија

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, велејќи дека Турција секогаш е најголемиот поддржувач на Северна Македонија, подвлече дека Турција не е само најголемиот пријател на Северна Македонија, Таа истовремено е и најголемиот инвеститор.

Нагласи дека Турција со 1.000 инвеститори се наоѓа во првите редови и рече дека посакуваат заедничката трговска зона за којашто се планира да се формира во Северна Македонија да се именува како „Мустафа Шентоп“, а бидејќи тој е едната од најголемите врски помеѓу двете земји.

Појаснувајќи дека го знаат тоа оти и претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган многу ја сака Северна Македонија, Заев рече: „Сега истовремено сме и НАТО сојузници. Турција е едната од нашите најважни поддржувачи. Со едната од нашите најголеми поддржувачи ќе направиме подобри работи.“

Тој додаде дека освен тоа што има студенти од Северна Македонија кои студираат во Турција има и студенти од Турција кои студираат во Северна Македонија.

„Овде имаме и две големи турски политички партии. Имаме и Турци пратеници и Турци во бирократијата. Турците овде се основачки елемент.“ - рече премиерот Заев.

Појаснувајќи дека на чело и на Уставниот суд на Северна Македонија се наоѓа еден Турчин, Зоран Заев рече: „Ова се места на коишто Турците стигнаа заслужено. Турската заедница е многу голема заедница.“

Осврнувајќи се и на прашањето со борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, рече: „Нашето Министерство за внатрешни работи и нашето Министерство за правда се подготвени. По предметите со пресуди (одлуките) коишто ќе пристигнат од ваша страна ние веднаш ќе стапиме во акција. Секако не сакаме оваа организација да ни наштети и на нас.“

Заев информира дека фабриката за кабли којашто е нова турска инвестиција ќе вработи 400 до 800 лица, а исто така посака од Мустафа Шентоп да ги охрабри повеќе турските бизнисмени.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во рамките на своите средби и разговори во Скопје се состана и со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски.

 



Слични вести