Потпретседателот Октај: „Пријателството со Турција овозможува придобивки, а не борбата“

Турција се наоѓа меѓу земјите кои постигнаа значаен напредок во сферата на сајбер безбедноста

1549393
Потпретседателот Октај: „Пријателството со Турција овозможува придобивки, а не борбата“

Потпретседател Фуат Октај, остро реагираше на одлуката за спроведување санкции на Соединетите Американски Држави (САД) врз Турција и во тој контекст рече:

„Пријателството со Турција овозможува придобивки, а не борбата против Турција“.

Фуат Октај, во говорот на Состанокот за национална сајбер безбедност што се одржа во Анкара рече Турција не го заборави ембаргото на производите на одбранбената индустрија во минатото кога беше зависна од надвор.

„Тогашниот обструктивен менталитет денес се појавува под рувото на различни санкции против нас. Без оглед на тоа на кој начин ќе се обидат да не санкционираат, денес Турција под раководство на нашиот претседател, прерасна во земја која санкциите ги претвори во инвестиции во иднина“.

Наведувајќи дека ја имаат истата решителност за технологиите од областа на сајбер безбедноста, Октај рече:

„Податоците на Турција, ќе останат во Турција, ние клучевите на нашата интимност нема да им предадеме никому. Податоците на Турција ќе бидат заштитени со локален и национален заштитен ѕид.

Пријателството со Турција ќе обезбеди придобивки, а не санкциите и борбата против Турција“ рече Октај и на целиот свет му предложи соработка во сајбер безбедноста и дигиталната сфера.

Во продолжение Октај рече:

„Целиот свет ќе има можност да види дека пријателството со Турција ќе обезбеди придобивки. Спротивни апликации, санкции или слични работи само не мотивираат, ја зголемуваат нашата брзина. Освен тоа, не може да има негативен ефект врз нас“.

Турција се наоѓа меѓу земјите кои постигнаа значаен напредок во сферата на сајбер безбедноста, техничка, правна и организациска гледна точка, рече Фуат Октај и додаде:

„Како резултат на напорите за зајакнување на нашиот суверенитет во сајбер татковината, ние од 23-та позиција се искачивме на 20-то место на листата на рангирања на Глобалниот индекс за сајбер безбедност во светот“.



Слични вести