Поддршка од ТИКА на Туркменците во Либан

ТИКА продолжува со проектите за поддршка на Либан против невработеноста и сиромаштијата предизвикани од економската криза

1548947
Поддршка од ТИКА на Туркменците во Либан

 

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбеди земјоделска поддршка на Туркменците во северен Либан.

Координаторот на канцеларијата на ТИКА во Бејрут Орхан Ајдин изјави дека тие продолжуваат со своите проекти за поддршка во Либан против невработеноста и сиромаштијата предизвикани од економската криза.

Посочувајќи дека Либан, околу 80 проценти од потребите за жито, зеленчук и овошје ги обезбедува преку увоз, Ајдин посочи дека по тековната економска криза во земјата и рекордната амортизација на локалната валута, куповната моќ на јавноста значително опадна и стапките на невработеност достигнаа историски нивоа.

Ајдин изјави дека како ТИКА, тие се фокусираат на проекти насочени кон обезбедување на производство, вработување и занимање, особено во земјоделскиот сектор во Либан и дека ја спровеле „Програмата за либански рурален развој и ревитализација на производството“ што треба да се спроведува низ целата земја без верска, секташка и етничка дискриминација.

Либан, чиј јавен долг изнесува над 90 милијарди долари, ја доживува една од најголемите економски кризи од граѓанската војна во периодот 1975-1990 година.

Либан, каде стапката на невработеност е 35 отсто, а стапката на сиромаштија над 50 проценти, од август наваму, кога се случи големата експлозија на пристаништето Бејрут, падна во уште потешка состојба.



Слични вести