Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп на 21 и 22 декември во посета на Северна Македонија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп утре и задутре (21 и 22 декември, во понеделник и вторник) ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија

1548680
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп на 21 и 22 декември во посета на Северна Македонија
TBMM BAŞKANI MUSTAFA ŞENTOP.jpg
TBMM BAŞKANI MUSTAFA ŞENTOP1.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп утре и задутре (21 и 22 декември, во понеделник и вторник) ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.

Претседателот на Собранието Шентоп во рамките на своите средби и разговори во Скопје коишто ќе ги започне утре, ќе се состане со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Уставниот суд Салих Мурат.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп ќе учествува на прославите на 21 декември - Денот на наставата на турски јазик кадешто ќе одржи говор пред учесниците на програмата што ќе се одржи по повод овој настан.

Шентоп ќе ја отвори изложбата под наслов „Историската авантура на турското стрелаштво“ во организација на Вакафот (Фондацијата) за стрелаштво и Институтот Јунус Емре, а воедно ќе го посети и Меѓународниот балкански универзитет (МБУ или UBÜ) кадешто ќе им се обрати на студентите.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп на 22 декември, вториот и последен ден од посетата на Северна Македонија ќе го посети Меѓународното училиште Маариф.



Слични вести