Заедничка декларација на министрите за надворешни работи и одбрана на Турција и Украина

Во заедничката декларација се истакнува дека страните ја потврдија заедничката волја по прашањето на имплементацијата на претходно постигнатите договори со проширување на сферите на соработка

1548296
Заедничка декларација на министрите за надворешни работи и одбрана на Турција и Украина

По одржаниот состанок во форматот „2+2“ вчера во Киев со учество на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и украинскиот министер за одбрана Андриг Таран , беше објавена заедничка декларација.

Во заедничката декларација се истакнува дека страните ја потврдија заедничката волја по прашањето на имплементацијата на претходно постигнатите договори со проширување на сферите на соработка вклучувајќи ги политичката, културната, економската и одбранбената сфера, како и да продолжувањето на развивањето и зајакнувањето на односите за стратешко партнерство.

Се привлекува внимание дека на постоењето на заканите за стабилноста и безбедноста на Црноморскиот регион којшто треба да се зајакне на основа на почитување на суверенитетот на страните во границите на меѓународното право, територијалниот интегритет на државите и меѓународно признаените граници, како и на резултатите од сето тоа.

„(Страните) Одлучија да изнаоѓаат нови патишта за соработка во обуката и едукацијата помеѓу поморските сили на двете земји и за одржување на мултинационални воени вежби и активности коишто ќе ја поддржат безбедната пловидба во Црното Море. постигнаа согласност за продолжување на консултациите на билатерално ниво и со другите поврзани земји во регионот. Република Турција ја повтори поддршката што ја дава на Украина во реформскиот процес,и процесот на интеграција со евро-атлантските структури вклучувајќи ги и Европската унија (ЕУ) и НАТО. Подвлечена е поддршката на Турција на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи ги и Автономната Република Крим и градот Сивастопол.“ - стои во објавеното заедничко соопштение.



Слични вести