Во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија се неутрализирани 5 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1548241
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија се неутрализирани 5 терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека група терористи извршиле обид за напад со цел нарушување на спокојството и средината на доверба во подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во споделената објава се вели дека притоа со отворен артилериски оган се неутрализирани 5 мина терористи на ПКК/ЈПГ.

Во истото соопштение се додава дека ќе продолжат да се преземаат сите видови мерки за продолжување на мирот и спокојството во подрачјето.



Слични вести