Реакција од Турција против Белгија во врска со Нагорно Карабах

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со усвоените одлуки број 1597 и 923 во Претставничкиот дом на Парламентот на Белгија во врска со Нагорно Карабах

1548239
Реакција од Турција против Белгија во врска со Нагорно Карабах

Турција соопшти дека усвоената одлука број 1597 на Генералната седница на Претставничкиот дом на Парламентот на Белгија во врска со Нагорно Карабах, не се истоветува со вистините.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со усвоените одлуки број 1597 и 923 во Претставничкиот дом на Парламентот на Белгија во врска со Нагорно Карабах и 9 декември Денот на сеќавање на жртвите од т.н. геноцид.

Аксој го истакна следното: „Усвоената одлука на Генералната седница на Претставничкиот дом на Парламентот на Белгија број 1597 по прашањето на Нагорно Карабах, не се истоветува ниту со историските, ниту со правните, ниту со теренските вистини. Ја отфрламе оваа одлука која содржи и неосновани тврдења и обвинувања во врска со Турција.“

Нагласувајќи дека оваа одлука претставува јасен пример за тоа како Претставничкиот дом на Парламентот на Белгија станува инструмент за едностраните ерменски изговори на некои парламенти, делува со предрасуди, станува заложник на интересите во однос на внатрешната политика, Хами Аксој рече: „Предметната одлука освен тоа што нема да придонесе за односите помеѓу Турција и Белгија, нема да биде ниту во услуга на напорите во правец на воспоставување на мирот и стабилноста во регионот. Освен тоа, овие видови одлуки го задоцнуваат процесот Ерменија да ги прифати вистините и ја поттикнуваат оваа земја да бега од преземање на одговорностите коишто и се паѓаат.

Од друга страна, алудирањето на настаните од 1915 година во одлуката којашто истиот ден е усвоена во Претставничкиот дом на Парламентот на Белгија во однос на прогласувањето на 9 декември за ден на сеќавање на жртвите од т.н. геноцидот е во спротивност со основните принципи на правото на чело со одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој информира дека она што се очекува од Белгија е да се однесува со здрав разум и да стои далеку од фрлање на чекори кои ќе причинат сенка над билатералните односи во контекст на одлуките за кои станува збор.

 



Слични вести