Претседателот Ердоган одржа видео-конференциска средба со германската канцеларка Меркел

На видео-конференциската средба беа разгледани прашањата за развивање на односите помеѓу Турција и Германија и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) во новиот период

1548177
Претседателот Ердоган одржа видео-конференциска средба со германската канцеларка Меркел
Cumhurbaşanı Erdoğan Merkel Telekonferans.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари видео-конференциска средба со германската канцеларка Ангела Меркел. 

На средбата беа разгледани прашањата за развивање на односите помеѓу Турција и Германија и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) во новиот период. 

Претседателот Ердоган истакна дека Турција сака да отвори нова страница во односите со Европската унија (ЕУ) и ѝ се заблагодари на германската канцеларка Ангела Меркел за конструктивниот придонес што го презентира и за нејзините напори.

Нагласувајќи дека му придава значење на тоа што на последниот Самит на Еврпската унија (ЕУ) со придонесот на лидерите со здрав разум беше алудирано на позитивната агенда, претседателот Ердоган истакна дека од друга страна оние кои вложуваат обиди за иницирање криза во односите меѓу Турција и ЕУ ќе им наштетат на оваа позитивна агенда и на овој отворен прозорец на можности за взаемна корист.

Ердоган појасни дека и покрај тоа што Турција изрази спремност за повторно започнување на разговорите за зближување (експлораторските, истражувачите разговори) со Грција, грчката страна со изнесување на нови изговори бега од разговори. 

Тој подвлече дека Турција продолжува да презентира добронамерност и конструктивен став и по прашањето на Источниот Медитеран.

Посочувајќи дека се губи време со тоа што односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) две години како се заробуваат во тесните интереси на некои членки, Ердоган рече дека клучот на позитивната агенда на којашто во одлуката на последниот самит на ЕУ се алудира на посилен начин, е во ажурирањето на Договорот за мигранти од 18 март 2016 година.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на средбата ѝ го честита на германската канцеларка Ангела Меркел Божиќ којшто наближува и ги достави своите честитки за Новата година.

 



Слични вести