Хулуси Акар: Знаеме дека мирот и стабилноста во Црното Море се многу значајни

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар Знаеме дека мирот и стабилноста во Црното Море се многу значајни

1548182
Хулуси Акар: Знаеме дека мирот и стабилноста во Црното Море се многу значајни

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, заедно со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на состанокот во форматот „2+2“ што се одржа вчера во Киев со учество на министрите за надворешни работи и одбрана на Турција и Украина.

Министерот Хулуси Акар на заедничката прес-конференција што се одржа од страна на четворицата министри, истакна дека стабилноста во Црното Море е значајна и дека се преземени сите видови мерки за да не се дозволи било каква провокација и тензичност.

Акар појасни дека на одржаните состаноци во Киев беа разменети мислења во сферите на билатералните односи и регионални одбранбени и безбедносни прашања. 

Велејќи дека им се дава поддршка во секоја средина на работите за интеграција на Украина со евро-атлантските институции, Хулуси Акар рече: „Во тие рамки, онака како што им даваме целосна поддршка ѝ на иновациите, реформите во Украина коишто ќе бидат реализирани во вооружените сили, ѝ на процесите за интеграција во институциите како што се Европската унија (ЕУ) и НАТО, гледаме дека почнавме да ги добиваме и резултатите од тоа.“

Акар го изрази задоволството од тоа што Украина која ја нарече „стратешки партнер“, „пријател“, е призната како Партнер на НАТО со проширена (зајакната) можност и рече: „Тоа навистина беше значаен чекор. Поради тоа им честитам на нашите пријатели.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така истакна дека се планираат и ставаат во примена обуки и воени вежби помеѓу двете земји.

„Свесни сме за тоа дека актуелната ситуација, мирот и стабилноста во Црното Море се многу значајни. Сакаме секој да знае дека се однесуваме многу внимателно и чувствително по ова прашање. Ги преземаме сите видови мерки за да не дозволиме било каква провокација и тензичност.“ - рече Акар. 



Слични вести