Борел: Силната врска со Турција ќе обезбеди голем придонес за стабилноста на ЕУ

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел истакна дека силната врска со Турција ќе обезбеди голем придонес за стабилноста на Европската унија (ЕУ).

1548211
Борел: Силната врска со Турција ќе обезбеди голем придонес за стабилноста на ЕУ

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел објави блог-напис под наслов „По тешката 2020 година, патот пред нас во односите ЕУ-Турција“ во кој се осврна на иднината во односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Борел истакна дека силната врска со Турција ќе обезбеди голем придонес за стабилноста на Европската унија (ЕУ).

Нагласувајќи дека затегнатоста во Источниот Медитеран и односите со Турција беа меѓу најголемите тешкотии (најтешките прашања) за Европската унија (ЕУ) во 2020 година и дека тоа најверојатно ќе продолжи и во 2021 година, Борел рече: „Ова е мошне јасно. Се додека Европската унија (ЕУ) не ја пронајде (воспостави) правилната  рамнотежа во односите со Турција и Русија, не ќе може да ја воспостави стабилноста на континентот.“  

Жозеп Борел напомена дека односите со Турција се искомплицирани и мултилатерални во чиј центар се наоѓаат недоразбирањата помеѓу Грција и Турција и неможноста да се изнајде решение за Кипарскиот проблем, а воедно констатира дека овие прашања не можат повеќе да се одложуваат.

„Турција дојде во положба на регионална сила којашто треба да се земе во предвид и постигна успеси коишто не можат да се порекнат“ - рече високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел и го подвлече следното: „Силната врска со Турција ќе обезбеди голем придонес за стабилноста на Европската унија (ЕУ). На ист начин и за Турција е тешко да се најде подобар партнер од ЕУ.“

 



Слични вести