Заедничка порака од Ердоган и Ќазими: Турција и Ирак ќе ја продолжат борбата против ДЕАШ, ПКК и ФЕТО

Претседателот Ердоган и ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими на одржаната заедничка прес-конференција ја доставија заедничката порака дека Турција и Ирак ќе ја продолжат борбата против заедничките непријатели, терористичките организации ДЕАШ, ПКК и ФЕТО

1547522
Заедничка порака од Ердоган и Ќазими: Турција и Ирак ќе ја продолжат борбата против ДЕАШ, ПКК и ФЕТО

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Анкара го пречека со официјална церемонија ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими кој допатува во посета на Турција, на неговата покана.

Ердоган и Ќазими по официјалниот дочек одржаа средба лице в лице, а потоа се премина на меѓуделегациски разговори.

Потоа претседателот Ердоган и ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими одржаа заедничка прес-конференција.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека апсолутно нема место за сепаратистичкиот тероризам во иднината ниту на Турција, ниту на Ирак, ниту на Сирија.

Тој рече: „И придаваме значење на одбраната на политичкото единство и територијалниот интегритет на Ирак. Спремни сме да го дадеме секој вид придонес и во рамките на повторната изградба.“

Велејќи „Со почитуваниот Ќазими одлучивме да ја продолжиме нашата борба против нашите заеднички непријатели, терористичките организации ДЕАШ, ПКК и ФЕТО“, Ердоган продолжи со следните зборови: „Без да правиме никаква разлика, секташка или етничка, целиот ирачки народ го сметаме за свој сопствен брат. Апсолутно нема место за сепаратистичкиот тероризам во иднината ниту на Турција, ниту на Ирак, ниту на Сирија. Без да ја згмечиме целосно главата на тероризмот, нашиот регион не ќе може да се стекне со спокојство.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така напомена дека наскоро планира да оствари посета на Ирак и го рече следното: „Гледаме дека лесно би можеле да достигнеме до нашата цел за трговски обем со Ирак од 20 милијарди долари. Со поправка на оштетениот цевовод од страна на ДЕАШ, сакаме нафтата од Киркук (Керкук) повторно и во уште поголеми количини да се испорачува на светските пазари. Иншаллах (со Аллахова помош-поддршка) во најскоро време нашиот состанок на Стратешкиот совет на високо ниво ќе го одржиме во Ирак, ќе оствариме посета на Ирак.“

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими пак, на одржаната заедничка прес-конференцијата рече: „Турција од наш аспект, онака како што е значајна земја на Блискиот исток, Таа е едниот од нашите најзначајни економски партнери.“

Привлекувајќи внимание дека не е можно Ирак да толерира ниту една формација која и се заканува на Турција, Ќазими рече: „Разрушувањата коишто ги остави ДЕАШ во Ирак би можеле повторно да ги изградиме со соработка којашто ќе ја реализираме со Турција.“

 



Слични вести