Во Африн во Сирија отворена Болницата за породилно и деца „Севги“

Во Болницата за породилно и деца „Севги“ (Љубов) во Африн ќе работат вкупно 8 лекари од кои тројца лекари специјалисти за женски болести (гинекологија), тројца лекари специјалисти за детски болести (педијатрија) и двајца лекари за итна помош

1547528
Во Африн во Сирија отворена Болницата за породилно и деца „Севги“

Во градчето Африн во северозападниот дел на Сирија кое со операцијата на Турција Маслиново гранче е исчистено од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, е отворена Болницата за породилно и деца „Севги“ (Љубов) која ќе ги излечи раните на народот во Африн.

Во Болницата „Севги“ ќе работат вкупно 8 лекари од кои тројца лекари специјалисти за женски болести (гинекологија), тројца лекари специјалисти за детски болести (педијатрија) и двајца лекари за итна помош.

Во болницата освен две операциони сали и 17 кревети, ќе ќе има и 8 инкубатори за жолтица како често среќавана болест кај новороденчиња.

Болницата „Севги“ во Африн е изградена со поддршка на Институцијата за добротворни цели на Катар која делува во склоот на Министерството за здравство на Турција и Фондот за развој на Катар.

Инаку, Подрачјето на градчето Африн во северозападниот дел на Сирија беше ослободено од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК на 18 март 2018 година, со реализација на операцијата Маслиново гранче започната од страна на Турските вооружени сили (ТВС) со поддршка и на Сириската национална армија (СНА).



Слични вести