Сојлу: Бројот на фатените нерегуларни мигранти во 2020 година во Турција изнесува 113.865

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека бројот на фатените нерегуларни мигранти во 2020 година во Турција изнесува 113.865

1548088
Сојлу: Бројот на фатените нерегуларни мигранти во 2020 година во Турција изнесува 113.865

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу учествуваше на состанокот Совет за миграција што се одржа во Анкара и во говорот што го одржа овде соопшти дека бројот на фатените нерегуларни мигранти во 2020 година во Турција изнесува 113.865.

Сојлу истакна дека епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) онака како што го промени целиот дневен ред има влијание и над глобалната миграција.

Тој рече: „Бројот на фатените нерегуларни мигранти во 2019 година (во Турција) изнесуваше 454.662. Сите заедно претпоставувавме дека и за 2020 година нема да опадне под 500 илјади. Меѓутоа, поради коронавирусот оваа бројка досега изнесува 113.865.“

Велејќи дека лакмусовата хартија на цивилизацијата во 21-от век е миграциското прашање, Сулејман Сојлу нагласи дека Турција како цивилизирана земја наместо да води борба против миграцијата, претпочита да управува со миграцијата.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу појасни дека ќе профитираат земјите кои ја прифаќаат и управуваат правилно со миграцијата.

„Оние кои својата глава ја забиваат во песок како ној, тогаш кога ќе ја сфатат оваа реалност, речиси ќе биде невозможно да се ја надоместат штетата на којашто ќе бидат подложени.“ - констатира Сојлу. 

 



Слични вести