Мевлут Чавушоглу и Хулуси Акар примени кај украинскиот претседател Володимир Зеленски

Министрите за надворешни работи и одбрана, Мевлут Чавушоглу и Хулуси Акар, кои престојуваат во посета на Киев беа примени кај украинскиот претседател Володимир Зеленски

1548030
Мевлут Чавушоглу и Хулуси Акар примени кај украинскиот претседател Володимир Зеленски

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во рамките на официјалната посета на главниот град на Украина, Киев, беа примени кај украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Приемот се одржа во претседателската палата.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со средбата го истакна следното: „На украинскиот претседател Володимир Зеленски му ги доставивме поздравите на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган. Нашите односи со Украина се наоѓаат на извонредно ниво. 9. Состанок на Стратешкиот совет на високо ниво ќе го одржиме наредната година во нашата земја.“



Слични вести