Ердоган: Со силната инфраструктура што ја формиравме во последните 18 години градиме нова Турција

Претседателот Ердоган истакна дека над силната инфраструктура што ја формираа во последните 18 години градат една нова Турција

1547956
Ердоган: Со силната инфраструктура што ја формиравме во последните 18 години градиме нова Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со поврзување преку линк во живо од дворецот Вахдеттин присуствуваше на свеченото отворање на плоштадот Ќагитхане во Истанбул.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека над силната инфраструктура што ја формираа во последните 18 години градат една нова Турција.

Тој рече: „Над силната инфраструктура што ја формираа во последните 18 години градиме една нова Турција.“

„Наскоро Иншаллах (со Аллахова помош-поддршка) ја завршуваме болницата со 620 кревети за којашто знам дека е значајна  за нашето населено место (Кагитхане) и чија изградба трае во Сејрантепе. Со народните градини, зелените површини, народните чајџилници, проектите за урбана трансформација, рестораните, го менуваме изгледот на нашите градови.“ - рече Ердоган. 

Претседателот Ердоган истакна дека ги ставаат во примена инвестирањата насекаде низ земјата, дека го менуваат изгледот на градовите и дека со специјални проекти и со програми за социјална поддршка им доставуваат услуга на сите средини на народот.

Ердоган напомена дека и покрај една глобална здравствена криза како што е пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и економските тешкотии коишто поврзано со тоа се повеќе се продлабочуваат, некои се зачудуваат од тоа што Турција не се откажува од тоа што чекори кон своите цели.

Нагласувајќи дека ќе продолжат со градење на дела, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Ете проектот на плоштадот Ќагитхане чие отворање го реализираме, е едниот од тие примери. Уште еднаш посакувам да биде аирлија за нашиот град и за нашата земја.“

 



Слични вести