Чавушоглу и Акар во Киев се состанаа со украинскиот премиер Денис Шмигал

Министрите за надворешни работи и национална одбрана, Мевлут Чавушоглу и Хулуси Акар, во Киев се состанаа со украинскиот премиер Денис Шмигал

1547901
Чавушоглу и Акар во Киев се состанаа со украинскиот премиер Денис Шмигал
akar çavuşoğlu ukrayna1.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во рамките на официјалната посета на главниот град на Украина, Киев, кадешто допатуваа вчера вечер, најпрвин преминаа во владината канцеларија и овде се состанаа со украинскиот премиер Денис Шмигал.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавеното соопштение од на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека со украинскиот премиер Денис Шмигал оствариле продуктивна средба и го напиша следното: "Нашата билатерална трговија достигна до 5 милијарди долари; целта е 10 милијарди долари. Договорот за слободна трговија ќе ја олесни оваа цел. Ќе ја развиеме уште повеќе нашата соработка во секоја сфера од енергијата до одбранбената индустрија."

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека помеѓу Турција и Украина уште од 2011 година постојат односи на стратешко партнерство и појасни дека помеѓу двете земји има извонредни односи.

Велејќи дека разговорите на високо ниво помеѓу двете земји продолжуваат со растечки интензитет, Акар привлече внимание на пријателството помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Министерот Хулуси Акар истакна дека Турција им дава поддршка на интеграцијата на Украина во евро-атлантските институции, а воедно се осврна и на значењето од обезбедување на безбедноста и просперитетот и зачувување на правата и интересите на кримските Татари.

Тој ја нагласи и соработката помеѓу Турција и Украина во сферата на одбранбената индустрија во врска со што рече дека е во корист и на двете земји оваа соработка којашто се повеќе се зголемува во наредниот период да биде доведена до уште понапредно ниво.

Двајцата министри, Мевлут Чавушоглу и Хулуси Акар, во Украина кадешто престојуваат во официјална посета се состанаа и со амбасадорот Халит Чевик, претседателот на специјалната мисија за набљудување на Украина при Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека со Халит Чевик разговарале за најновата ситуација во Донбас кадешто се водат судири помеѓу сепаратистички сили и украинската армија.

Потсетувајќи дека Чевик ја извршува претседателската должност на мисијата уште од денот нејзиното формирање и го рече следното: "Донбас треба да се реши по дипломатски патишта, и треба целост да се применуваат договорите од Минск."

 



Слични вести