Турција објави нов „NAVTEX“ против грчките провокации во Источниот Медитеран

На провокациите на Грција со кои се смета за ништовен демилитаризираниот статус на островот Меис (грчки Кастелоризо) којшто е утврден согласно Договорот од Париз од 1947 година, Турција одговори со објавување на нов „NAVTEX“ во Источниот Медитеран

1547237
Турција објави нов „NAVTEX“ против грчките провокации во Источниот Медитеран

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) во врска со островот Меис (грчки Кастелоризо) во Источниот Медитеран кој инаку согласно Договорот од Париз од 1947 година треба да располага со демилитаризиран статус.

И покрај напорите за дијалог со цел намалување на тензијата, Грција продолжува да презема чекори во спротивност со меѓународното право и меѓународните договори.

Властите во Атина не го почитуваат и го сметаат за ништовен демилитаризираниот статус и на островот Меис (грчки Кастелоризо) во Средоземното Море.

На провокациите на Грција во Средоземното Море Турција одговори со објавување на нов „NAVTEX“ во Средоземното Море.

Во објавениот „NAVTEX“ се нагласува дека се прекршува демилитаризираниот статус на островот Меис (грчки Кастелоризо) којшто е утврден согласно Договорот од Париз од 1947 година.



Слични вести