Портпаролот Калин одржа видео конференција со амбасадорите

Турција и Европската унија (ЕУ), пред предизвиците треба да дејствуваат во соработка и солидарност

1546933
Портпаролот Калин одржа видео конференција со амбасадорите

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин рече дека „Турција и Европската унија (ЕУ), пред предизвиците треба да дејствуваат во соработка и солидарност“.

Ибрахим Калин во Анкара одржа видео конференција со амбасадорите и претставниците на мисиите на 27 земји-членки на ЕУ.

Според соопштението кое беше објавено од страна на портпаролството на претседателскиот кабинет, Калин на првиот дел од состанокот направи сеопфатна проценка на моменталната состојба на односите меѓу Турција и ЕУ, потенцирајќи дека Турција и ЕУ треба да дејствуваат во солидарност и соработка против сите предизвици како што се тероризмот, имиграцијата, непријателството против исламот, расизмот, и регионалните кризи.

Калин, потенцираше дека на патот на пристапувањето на Турција во ЕУ, треба да се отворат нови поглавја да се обнови Договорот за реадмисија (од 2016 година), да се ажурира Царинската унија и повторно да се разгледаат прашањата како што се визната либерализација (за турските граѓани при влез во земјите на ЕУ), преземање конкретни чекори од страна на ЕУ за исполнување на очекувањата на Турција како и исполнување на гаранциите дадени на Турција која е домаќин на повеќе од 4 милиони Сиријци.

Калин, во врска со напорите и предлогот на Турција, Источниот Медитеран да се претвори во море на мирот, рече дека ЕУ исто така треба да пружи поддршка да даде придонес.

Турција изразува конструктивна поддршка на сите планови за решавање и заштита на правата на Кипарските Турци, рече Калин потенцирајќи дека администрацијата на кипарските Грци која не сака мир, е страната која се наградува.

Калин додаде дека двете соседни земји, своите проблеми можат да ги решат преку дијалог, повторувајќи дека Турција е подготвена за одржување истражувачки разговори со Грција.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на крајот на состанокот поставија прашања и ги изнесоа своите погледи и оценија дека односите во наредниот период треба да продолжат со позитивна агенда.



Слични вести