Пакистан изрази длабока загриженост од санкциите на САД против Турција

Во објавеното соопштение од пакистанското Министерство за надворешни работи се истакнува дека Пакистан во принцип е против спроведување на еднострани присилни мерки против било како земја

1547049
Пакистан изрази длабока загриженост од санкциите на САД против Турција

Пакистан соопшти дека чувствува длабока загриженост од воведувањето на санкции од страна на Соединетите Американски Држави (САД) против Турција.

Во објавеното соопштение од пакистанското Министерство за надворешни работи се истакнува дека Пакистан во принцип е против спроведување на еднострани присилни мерки против било како земја.

Во соопштението се нагласува дека Пакистан ја прифаќа и цени улогата на Турција со непроценлива вредност во однос на регионалниот и меѓународниот мир и стабилноста, а воедно се привлекува внимание дека управата на Исламабад чувствува длабока загриженост од воведувањето на санкции од страна на Соединетите Американски Држави (САД) против Турција.

Во соопштението се повторува силната поддршка на пакистанскиот народ и владата на турскиот народ и владата во потрагата по национална безбедност, мир и просперитет. Исто така се подвлекува дека управата на Исламабад како и секогаш ќе продолжи да стои покрај турскиот народ и владата на патот за постигнување на оваа заедничка цел.

 



Слични вести