Ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими во посета на Анкара

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими во претседателската палата „Куллијето“, во Бештепе, во Анкара ќе биде пречекан со официјална церемонија од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1547149
Ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими во посета на Анкара

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими кој престојува во посета на Турција во претседателската палата „Куллијето“, во Бештепе, во Анкара ќе биде пречекан со официјална церемонија од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

По офцијалниот дочек ќе се одржат билатерални и меѓуделегациски разговори.

Во рамките на посетата се очекува да им се придаде интензитет на односите помеѓу двете земји во сите сфери, а исто така се очекува да бидат поставени на маса и присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Ирак.

Притоа, ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими ќе ја информира Анкара за најновите информации и по прашањето на ставањето во примена на Договорот за Синџар со којшто се предвидува да се стави крај на илегалното структуирање на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Ирак.

Меѓу прашањата коишто ќе се најдат на маса за време на посетата се и зголемувањето на трговскиот обем помеѓу двете земји и проектите за инвестирање во Ирак во рамките на повторната изградба од страна на турските фирми на областите кои се оштетени од тероризмот на ДЕАШ.

Оваа посета на ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими на Анкара е во звојство на прва посета по стапувањето на должност.



Слични вести