Честитки од потпретседателот Октај до Казахстан по повод Денот на независноста

Турција беше првата земја која ја призна независноста на Казахстан која ја објави пред 29 години

1546929
Честитки од потпретседателот Октај до Казахстан по повод Денот на независноста

 

Потпретседателот Фуат Октај на Казахстан и ja честиташе независноста, која земја по распаѓањето на Советскиот Сојуз ја прогласи на  16 декември 1991 година.

Октај во објавата преку профилот на социјалните мрежи ја објави следната порака:

„И го честитам Денот на независноста на пријателска и братска земја Казахстан. Турција беше првата земја која ја призна независноста на Казахстан која ја објави пред 29 години. Ќе продолжиме да ја зајакнуваме нашата соработка во сите области која се заснова на длабоко вкоренетите историски и културни врски“.



Слични вести