Чавушоглу: „Одлуката за санкции на САД е погрешен чекор од правен и политички аспект
Тоа е напад на суверенитетот на Турција или некоја друга земја

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека одлуката за санкции на Соединетите Американски Држави (САД) е погрешен чекор од правен и политички аспект.
Чавушоглу, во интервјуто за една телевизиска програма, даде појаснување во врска со одлуката на САД за спроведување санкции врз Турција.
Министерот Чавушоглу рече:
„Одлуката на САД за спроведување санкции, е погрешен чекор од правен и политички аспект. Тоа е еднострана одлука донесена од една земја. Тоа е напад на суверенитетот на Турција или некоја друга земја.
Кога ќе ја разгледаме содржината на санкцијата, тоа не е санкција што ќе не разниша толку длабоко и што многу негативно ќе влијае на нас. Ако требаше да се фрли чекор назад, тоа досега ќе беше сторено. Колегите детално ги анализираат влијанието и последиците на санкциите. Секако дека нашите чекори ќе ги фрлиме согласно санкциите“.
Мевлут Чавушоглу, рече дека за нормализирање на односите со САД, треба да се исполнат очекувањата на Турција.