Високиот консултационен совет на Турција ја осуди одлуката на САД за воведување санкции

„На состанокот е осудена одлуката за воведување еднострани санкции од страна на САД против нивниот НАТО сојузник Турција, поради набавката на С-400“ - се вели во објавеното соопштение од страна на шефот на одделот за комуникации Фахреттин Алтун

1546273
Високиот консултационен совет на Турција ја осуди одлуката на САД за воведување санкции

На состанокот на Високиот консултационен совет што се одржа вчера под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше осудена одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за воведување еднострани санкции против Турција, поради набавката на системот за противвоздушна одбрана С-400 од Русија.

По состанокот на Високиот консултационен совет што се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара и беше затворен за медиумите, пристигна писмено соопштение од шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун.

Во соопштението се истакнува следното: „На состанокот е осудена одлуката за воведување еднострани санкции од страна на САД против нивниот НАТО сојузник Турција, поради набавката на С-400. Направени се проценки на чекорите коишто би можеле да бидат фрлени против оваа погрешна одлука којашто е донесена во однос на прашање во врска со правата на Турција за нејзината сопствена национална безбедност и нејзиниот суверенитет.“

 



Слични вести