Турција го осуди терористичкиот напад во Нигер

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со длабоко жалење е дознаено за веста за извршениот терористички напад во Нигер, ноќта на 13 декември во сабота во кој загинаа 28 лица, а стотици лица се ранети

1546219
Турција го осуди терористичкиот напад во Нигер

Турција го осуди терористичкиот напад што беше реализиран на крајот на минатата недела на селото Тумур во областа Дифа, во западноафриканската држава Нигер.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со длабоко жалење е дознаено за веста за извршениот терористички напад на селото Тумур во областса Дифа во југоисточниот дел на Нигер, ноќта на 13 декември во сабота во кој загинаа 28 лица, а стотици лица се ранети.

Во соопштението се вели следното: „Жестоко го осудуваме овој кукавички напад. Ја споделуваме болката на пријателскиот и братски нигерски народ и владата. На загинатите им посакуваме милост од Аллах, на блиските на загинатите го изразуваме нашето сочувство. На ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“

Инаку, на крајот на минатата недела на 13 декември ноќта во сабота терористичката организација Боко Харам изврши вооружен напад на селото Тумур во областа Дифа во западноафриканската држава Нигер во кој загинаа 28 лица, а беа оштетени и доведени во неупотреблива состојба приближно 800 куќи и работни места.

Владата на Нигер по нападот прогласи тридневна жалост во земјата.

На областа Дифа беше извршен напад од страна на Боко Харам и на 11 декември и загинаа 2 лица.

Оваа област која се наоѓа на северната граница на Нигерија од февруари 2015 година станува цел на нападите на терористичката организација Боко Харам.

 



Слични вести