Столтенберг изрази жалење од одлуката на САД за воведување санкции против Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека жали поради одлуката на на Соединетите Американски Држави (САД) за воведување санкции против Турција поради набавката на системот за противвоздушна одбрана С-400 од Русија

1546215
Столтенберг изрази жалење од одлуката на САД за воведување санкции против Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на одржаната заедничка прес-конференција по остварената средба со премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ во главниот град на Белгија, Брисел, одговараше на прашањата на новинарите.

На едно поставено прашање во врска со одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за воведување санкции против Турција поради набавката на системот за противвоздушна одбрана С-400 од Русија, Столтенберг истакна дека жали поради оваа одлука за санкции и го рече следното: „Упатувам повик до Турција и до сите НАТО сојузници за ‘барање на начини за решение’.“

Велејќи „Чувствувам жалење поради тоа што сме во состојба кога НАТО сојузниците спроведуваат санкции едни кон други“, Столтенберг напомена дека претходно исто така ги изнел своите грижи во врска со купувањето на системите С-400 од страна на Турција.

„Тоа претставува национална одлука. Меѓутоа, системот С-400 не е компактабилен со системите на НАТО. Тој не може да се интегрира со системот за противвоздушна и ракетна одбрана на НАТО. Ја изнесов мојата загриженост во однос на тоа. Истовремено упатувам повик до Турција и сите НАТО сојузници да се бараат начини за решение. /... / Она што е значајно во моментов е да се фокусираме на тоа како би можеле да изнајдеме позитивно решение за оваа тешка состојба за Турција и за Сојузот.“ - порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Инаку, Соединетите Американски Држави (САД) донесоа одлука за воведување санкции против Турција поради набавката на системот за противвоздушна одбрана С-400 од Русија.

 



Слични вести