Шентоп: Причина за затегнатоста во Источниот Медитеран е бескомпромисниот став на грчката страна

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека причина за затегнатоста во Источниот Медитеран е бескомпромисно став на Грција и кипарските Грци

1546743
Шентоп: Причина за затегнатоста во Источниот Медитеран е бескомпромисниот став на грчката страна

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп денеска во Анкара го прими амбасадорот на Германија во Анкара Јурген Шулц.

Шентоп му посака успех на германскиот амбасадор Шулц за време на оваа негова нова должност и рече дека односите помеѓу Турција и Германија се потпираат на долго минато и дека помеѓу двете земји има коренити политички, економски, културни и социјални врски.

Мустафа Шентоп воедно истакна дека Германија е најголемиот трговски партнер на Турција. 

„Заедницата од 3 милиони која еден дел го сочинуваат наши граѓани, а еден дел лица од турско потекло кои имаат германско државјанство, е во својство на посебен и човечки мост помеѓу Турција и Германија.“- рече Шентоп. 

Велејќи дека интересите помеѓу двете земји се поклопуваат во голем број регионални и глобални прашања на чело со Сирија, миграцијата и борбата против тероризмот, Шентоп појасни дека деновиве кога се појавуваат на преден план критични случувања во Источниот Медитеран се интензивирани телефонските разговори меѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел и министрите за надворешни работи на двете земји. 

Шентоп рече: „И покрај тоа што повремено се доживуваат разидувања во ставовите во тој широк дневен ред, сето тоа секогаш можевме да го надминеме по пат на почит, дијалог и дипломатија.“ 

Мустафа Шентоп во врска со Источниот Медитеран рече: „Причина за недоразбирањето во врска со морските сфери на надлежност е максималистичкиот и бесправен приод на Грција.“

Нагласувајќи дека затегнатоста којашто се појави поради едностраните чекори на Грција и кипарските Грци во Источниот Медитеран не можеше да се реши повторно поради нивниот бескомпромисен став, Шентоп рече: „Причината за ова недоразбирање во врска со морските сфери на надлежност е максималистичкиот и бесправен приод на Грција. Сите добронамерни чекори што ги фрла Турција за праведно решение, со години остануваат без одговор, како и повиците за дијалог и разговори без предуслови. На предлог на нашиот почитуван претседател продолжуваат нашите контакти со Европската унија (ЕУ) за Конференцијата за Источниот Медитеран којашто ќе ги поттикне билатералните преговори и мултилатералниот дијалог во регионот.“

„Наспроти овој став на Турција на страната на решение, Грција и кипарските Грци се во обид да вклучат во прашањето трети страни било тие да имаат или немаат врска. За жал и Европската унија (ЕУ) со нејзиниот актуелен став стануваат средство во овие злонамерни пресметки. И пред Самитот на 10 и 11 декември видовме дека се водат обиди за приклештување на Турција со закани и наметнувања. Пристрасниот став на Европската унија (ЕУ) во овој процес само и само го потикнува нерешението.“ - истакна Мустафа Шентоп.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп појасни дека го ценат урамнотежениот став на Германија кој се обидува да го води во овој процес внатре во Европската унија (ЕУ) и го додаде следното: „Ние како Турција која располага со најдолго крајбрежје во Источниот Медитеран, во секој повод повторуваме дека принципиелно сме отворени за секој вид соработка, дијалог и предлог за решение што ќе биде во согласност со меѓународното право, праведно и ќе ги брани легитимните права на нашата земја и на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).“

 



Слични вести