Поддршка од Турскиот совет за Турција наспроти санкциите на САД

„Одлуката на САД за спроведување на еднострани санкции против Турција претставува неправда. Стоиме покрај Турција.“ - се вели во споделената објава преку профилот на Турскиот совет на социјалната мрежа Твитер

1546218
Поддршка од Турскиот совет за Турција наспроти санкциите на САД

Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) соопшти дека ја поддржува Турција наспроти одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за воведување санкции.

Во споделената објава преку профилот на Турскиот совет на социјалната мрежа Твитер и се одделува место на пораката на заменик генералниот секретар на Турскиот совет Кисмет Ѓузелов.

Ѓузелов во својата порака го истакна следното: „Одлуката на САД за спроведување на еднострани санкции против Турција претставува неправда. Стоиме покрај Турција. Го поддржуваме предлогот на Турција за разгледување на ова прашање на непристрасен начин, објективно, реално и политички, по пат на дијалог и дипломатија.“

Инаку, Соединетите Американски Држави (САД) донесоа одлука за воведување санкции против Турција поради набавката на системот за противвоздушна одбрана С-400 од Русија.
 



Слични вести