Ердоган: Санкциите CAATSA против нашата земја, за прв пат се применуваат против една членка на НАТО

Претседателот Ердоган истакна дека санкциите CAATSA против Турција за прв пат се применуваат против една членка на НАТО и рече дека оваа одлука на САД претставува јасен напад врз суверените права на Турција

1546615
Ердоган: Санкциите CAATSA против нашата земја, за прв пат се применуваат против една членка на НАТО

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видео-конференција говореше на церемонијата на свеченото пуштање во употреба на вториот дел на автопатот помеѓу градот Нигде и главниот град Анкара.

Претседателот Ердоган  во својот говор се осврна на донесената одлука од страна на Соединетите Американски Држави (САД) за воведување санкции против Турција поради набавката на противвоздушно одбранбените системи С-400 од Русија.

Ердоган истакна дека одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за санкции претставува јасен напад врз суверените права на Турција.

„Главна цел е да се запрат потезите на нашата земја коишто ги започна во одбранбената индустрија, да не доведат во зависна состојба. По прашањето на Законот за борба против противниците на САД по пат на економски санкции (CAATSA), оваа санкција не е применувана против ниту една земја, освен Турција.  За прв пат се применува против нашата земја, како членка на НАТО.“ - констатира Ердоган.

Велејќи „САД кои не исполнија ниту еден од нашите услови за да ги купиме овие системи (за противвоздушна одбрана), поради тоа што нашата потреба ја обезбедивме од друго место го повлекоа своето оружје за санкции“, претседателот Ердоган рече: „Оваа одлука претставува јасен напад врз суверените права на нашата земја.“

Тој рече: „Ќе застанеме во уште поголема одбрана на нашиот ракводител за одбранбена индустрија Исмаил Демир и неговата екипа (против кои е донесена одлука за санкции).“

„Со донесување на оваа одлука за санкции ќе ги интензивираме нашите чекори на патот за изградба на одбранбена индустрија која ќе се искачи на глобално лидерско ниво во секоја сфера. Ќе работиме двојно повеќе за да ја доведеме нашата одбранбена индустрија во независна состојба од секој аспект.“ - подвлече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести