Чавушоглу учествуваше на церемонијата на полагање заклетва на претседателот на Гвинеја Алфа Конде

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја претставуваше Турција на церемонијата на полагање заклетва што се одржа во главниот град на Гвинеја, Конакри и со која официјално започна третиот по ред претседателски мандат на Алфа Конде

1546214
Чавушоглу учествуваше на церемонијата на полагање заклетва на претседателот на Гвинеја Алфа Конде
Mevlüt Çavuşoğlu Alpha Conde Gine Yemin Töreni.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на церемонијата на полагање заклетва на претседателот на Гвинеја Алфа Конде кој на одржаните претседателски избори на 18 октомври беше реизбран на оваа должност.

Чавушоглу ја претставуваше Турција на церемонијата на полагање заклетва што се одржа во главниот град на Гвинеја, Конакри и со која официјално започна третиот по ред претседателски мандат на Алфа Конде.

По повод оваа церемонија на која имаше учество на високо ниво од голем број земји како Гана, Чад, Република Конго, Буркина Фасо, Мали, Того, а учествуваше и делегација од Африканската унија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари и низа билатерални средби и разговори.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Учествувавме на церемонијата на полагање заклетва на претседателот на пријателска и братска Гвинеја Алфа Конде кој е реизбран. Ги доставивме честитките и добрите желби на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган. Нашите односи со Гвинеја ќе ги развиеме уште повеќе. На братскиот народ на Гвинеја му посакуваме просперитет и благосостојба.“

Инаку, Уставниот суд на западноафриканската држава Гвинеја на 8 ноември соопшти дека актуелниот претседател Алфа Конде е реаизбран за претседател со освоени 59,50 гласа со што се официјализира и неговиот трет по ред претседателски мандат.

 



Слични вести