Чавушоглу: Турција ќе ја даде секоја поддршка за целосно исчистување на Ирак од терористичката ПКК

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција ќе ја даде поддршката што е во нејзина можност за целосно исчистување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од Ирак

1546579
Чавушоглу: Турција ќе ја даде секоја поддршка за целосно исчистување на Ирак од терористичката ПКК

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денекса во Анкара одржа заедничка прес-конференција со ирачкиот министер за надворешни работи Фуат Хусејин и во говорот што го одржа овде истакна дека Турција ќе ја даде поддршката што е во нејзина можност за целосно исчистување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од Ирак.

Велејќи дека Турција ќе продолжи да му дава поддршка на борбата на Ирак против тероризмот, Чавушоглу рече: „Во последно време во Ирак постои компромис (со регионалната управа во Ербил) и во однос на ПКК. Постои договор особено за исчистување на ПКК особено од Синџар. Применувањето на овој договор е значајно за иднината на Ирак.“

Нагласувајќи дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК ги нападна Курдите во северниот дел на Ирак.

„ПКК, не ги претставува Курдите и ПКК пред се е непријател на Курдите. Ги напаѓа сите Курди кои не и се потчинуваат, во Турција, во Ирак и во Сирија. Тоа е и причината поради нападот што го изврши во последно време против Курдите во северниот дел на Ирак.“ - рече Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу привлече внимание дека продолжуваат нападите коишто ги реализира сепаратистичко-терористичката организација ПКК и во градот Сулејмани је.

Чавушоглу рече: „Исто така, во Сирија, ПКК, ЈПГ, тоа се иста организација, не е значајно името, почна да ги напаѓа и нашите тамошни курдски браќа кои не им се потчинуваат. Ионака таа е терористичка организација која врши зулум, насилство врз другите етнички групи без да прави разлика меѓу Арами, Езиди, Арапи, сунити, шиити. Ние како Турција ќе им дадеме поддршка којашто е во наша можност и за исчистување на целата земја од оваа терористичка организација.“



Слични вести