Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1545677
Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува група терористи се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се вели следното: „Со успешната интервенција на нашите јуначки командоси се неутрализирани четворица терористи, припадници на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да се префрлат во подрачјето на операцијата Еуфратски штит за нарушување на спокојството и средината на доверба.“

Од друга страна, еден терорист кој избегал од сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предаде на турските безбедносни сили.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, продолжуваат активностите за убедување коишто се водат од страна на Генералната дирекција на полицијата под координација на Министерството.

Во тие рамки, еден припадник кој избегал од сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предаде на безбедносните сили.

Установено е дека предадениот терорист како последно делувал во Сирија.

На тој начин бројот на терористите кои бегајќи од терористичката организација им се предадоа на турските безбедносни сили од почетокот на годината досега, се зголеми на 231.

 



Слични вести