Реакциите на турските политичари против американските санкции

Санкциите не се поистоветуваат ниту со она што сојузништвото ниту со напорите за повторно привлекување на сојузникот

1545597
Реакциите на турските политичари против американските санкции

 

Одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) се спроведување санкции врз Турција во земјава беше пречекана со големи реакции.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во објавата преку профилот на преку Твитер истакна:

„Санкциите не се поистоветуваат ниту со она што сојузништвото ниту со напорите за повторно привлекување на сојузникот. Перцепцијата дека Турција од аспект на одбранбената индустрија е осудена да биде затворена, е зад времето“.

Потпретседател на државата Фуат Октај рече:

„Одлуката за спроведување санкции на ниту една земја не може да влијае врз исправениот став и држење на Турција. Одлуката на САД за спроведување санкции, под водство на нашиот претседател уште повеќе ќе ја зголеми нашата решителност во чекорите што ги преземаме за нашите национални интереси и одбранбената“.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече:

„Ја отфрливме одлуката за санкции. Ова е наше национално прашање, покажуваме чесен став“.

Заменик координаторот на пратеничката група на Републиканската народна партија (ЏХП) Енгин Алтај рече:

„Нашата партија ЏХП, ја повикува владата да ја отфрлат оваа одлука. Не отстапувајте од нашиот став. На Турција не и потребно покровителството  на САД“.

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин рече: „Турција, решително ќе продолжи со чекорите за постигнување на целите на одбранбената индустрија“.

САД, поради откупот на системите за противвоздушна одбрана С-400 од Русија, донесе одлука за спроведување некои санкции врз Турција.



Слични вести