Премиерот на ТРСК Санер: Одлуката на САД за санкции врз Турција е крајно погрешен чекор

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за воведување санкции против Турција ја окарактеризира како „крајно погрешен чекор“

1545959
Премиерот на ТРСК Санер: Одлуката на САД за санкции врз Турција е крајно погрешен чекор

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер објави писмено соопштение во врска со одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за воведување санкции против Турција поради набавените системи за противвоздушна одбрана С-400 од Русија.

Санер одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за санкции против Турција ја окарактеризира како „крајно погрешен чекор“.

Велејќи дека Република Турција е единствената гаранција за постоењето на кипарскот турски народ на островот и на неговата држава и неговиот суверенитет, Санер подвлече дека Турција со силата со којашто располага и со политиките коишто ги следи е најзначајниот елемент на мирот и стабилноста во Источниот Медитеран и на Кипар.

„Крајно погрешно е Турција која поради сопствената стабилност и за стабилноста на регионот набави С-400 поради тоа да биде подложена на санкции“, рече премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер и привлече внимание дека Соединетите Американски Држави (САД) од една страна ја ослободија продажбата на оружје на кипарските Грци кои не се член на НАТО, а од друга страна се откажаа од продажба на ракети Патриот на Турција која е членка на НАТО и од оддржување на своите ветувања во рамките на проектот на воените авиони Ф-35, што пак напомена дека претставува сериозна контрадикторност и погрешен избор.

Ерсан Санер додаде дека Соединетите Американски Држави (САД) што поскоро треба да се вратат од оваа грешка и да развијат здрави односи со Турција.



Слични вести