Исмаил Демир: „Одлуката за санкции на САД нема да го промени мојот и ставот на мојот тим“

Претседателот на Управата за одбранбена индустрија на Турција, Исмаил Демир остро реагираше на американската одлука за проведување санкции против Турција

1545550
Исмаил Демир: „Одлуката за санкции на САД нема да го промени мојот и ставот на мојот тим“

 

Претседателот на Управата за одбранбена индустрија на Турција, Исмаил Демир рече:

„Одлуката за санкции на Соединетите Американски Држави (САД) нема да го промени мојот и ставот на мојот тим, во никој случај нема да ја спречи турската одбранбена индустрија“.

Демир на профилот на Твитер сподели објава во врска со санкциите на САД против Турција.

„Под водство на нашиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ние сме решителни во остварувањето на нашата цел за целосно независна одбранбена индустрија“ рече Демир потенцирајќи:

„Секоја одлука донесена во странство во врска со мене или нашата установа, нема да го промени мојот став и ставот на мојот тим; во никој случај нема да го спречи развојот на турската одбранбена индустрија“.

САД, поради откупот на системите за противвоздушна одбрана С-400 од Русија, донесе одлука за спроведување некои санкции против Турција.

Одлуката за санкција го вклучува и претседателот на Управата за одбранбена индустрија, Исмаил Демир.



Слични вести