Телефонска дипломатија од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговори со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, новонаименуваниот висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ Каират Абдрахманов и белгиската министерка за надворешни работи Софи Вилмес

1545373
Телефонска дипломатија од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Според добиени информации од дипломатски извори, во телефонскиот разговор помеѓу двајцата шефови на дипломатии Мевлут Чавушоглу и Ванг Ји беа разгледани борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и соработката по прашањето на вакцината.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари и телефонски разговор со Каират Абдрахманов, високиот комесар за национални малцинства на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) на кого му честита за назначувањето на оваа негова нова должност.

Освен тоа, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор и со белгиската министерка за надворешни работи Софи Вилмес.

 



Слични вести