Критика од ирански политичар на вознемиреноста на Зариф од рецитираната песна од страна на претседателот Ердоган

Поранешениот пратеник во иранскиот Парламент од Ердебил Насир Насири остро го критикуваше шефот на иранската дипломатија Џевад Зариф поради одговорот што го даде преку Твитер во врска со рецитираната песна од страна на претседателот Ердоган

1545074
Критика од ирански политичар на вознемиреноста на Зариф од рецитираната песна од страна на претседателот Ердоган

Поранешениот пратеник во иранскиот Парламент од Ердебил Насир Насири напиша отворено писмо до министерот за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф кој на песната којашто претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја рецитираше  во главниот град на Азербејџан, Баку, одговори преку социјалната мрежа Твитер.

Притоа поранешниот ирански пратеник Насир Насири остро го критикуваше шефот на иранската дипломатија Џевад Зариф.

Велејќи дека радикалните средини кои се вознемирени од резултатите на војната во Карабах помеѓу Азербејџан и Ерменија покажуваат екстремен став во врска со песната којашто ја рецитираше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Баку, Насири го изнесе својот став дека споделената објава на Твитер од страна на иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во врска со ова прашање, не му доликуваше на еден политичар.

Насири напомена дека рецитираната песна располага со целосно чувствително, срдечно и пријателско значење, додека споделената објава од страна на Џевад Зариф ја оцени за навредлива.

Поранешниот ирански пратеник Насир Насири го критикуваше иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф заради тоа што ниту самиот тој не поверувал во споделениот твит и ја изнесе следната констатација: „Зошто на искрен начин не кажувате кој дел од песната што ја рецитираше Ердоган претставуваше причина да го споделите тој ваш твит?“

Насири додаде дека претседателот Ердоган со рецитирање на оваа песна не алудираше (не мислеше) на Иран.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на церемонијата што се одржа на 10 декември во главниот град на Азербејџан, Баку, а по повод ослободувањето на окупираните азербејџански територии ја рецитираше песната „Арас“ на познатиот азербејџански поет Бахтијар Вахапзаде во која се нагласува територијалниот интегритет на Азербејџан.

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф пак, со споделена објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја изнесе својата вознемиреност.



Слични вести