Ердоган: Меѓународната соработка треба да се води давајќи им приоритет на бегалците и раселените лица

Претседателот Ердоган во својата видео порака, рече: „Меѓународната соработка треба да се води давајќи им приоритет на земјите во развој, бегалците и раселените лица. Верувам дека ОЕЦД треба да одигра предводничка улога по ова прашање.“

1545296
Ердоган: Меѓународната соработка треба да се води давајќи им приоритет на бегалците и раселените лица

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака по повод организираната програма за одбележување на 60-годишнината од формирањето на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Претседателот Ердоган во својата порака рече: „Меѓународната соработка треба да се води давајќи им се приоритет на земјите во развој, бегалците и раселените лица. Верувам дека Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) треба да одигра предводничка улога по ова прашање.“

Честитајќи ја 60-годишнината од формирањето на организацијата чија членка е Турција уште од почетокот на нејзиното формирање, Ердоган ја изнесе следната констатација: „Како Турција презентираме ефикасна соработка и солидаризација во ОЕЦД, во правец на целите за урамнотежен економски раст и развој, како и зголемување на просперитетот и вработувањето. Организацијата 60 години како докажа дека е значаен актер во глобалната економија и тоа со договорите и спогодбите коишто ги подготвува, добрите примери на применување, поставените стандарди и препораките и статистичките анализи коишто ги споделува.“ 

Укажувајќи дека пандемијата на Ковид-19 уште еднаш покажа во колку кршлив свет се живее и колку луѓето се поврзани едни кон други, претседателот Ердоган рече: „Како Турција додека ги презедовме сите неопходни мерки за здравјето на нашите граѓани, вложивме напори да не бидат сопрени и нашите економски активности. Со пакетите Штит за економска стабилност и Штит за социјална заштита застанавме покрај нашите инвеститори, еснафите и ранливите средини.“

Ердоган истакна дека и покрај условите на пандемија се зголемени инвестирањата ѝ на јавните институции ѝ на приватиниот сектор.

„Со свесност за глобална одговорност, апсолутно не ги изоставување и меѓународното потпомагање и солидаризацијата. Како Турција досега им доставивме помош на 156 земји и 9 меѓународни организации. Посакувам оваа соработка и солидаризација коишто се ставени во примена во состојба на криза да бидат трајни. Како што се осврнав и на Лидерскиот самит на Г-20 што се одржа на крајот на месец ноември преку интернет, меѓународната соработка треба да се води давајќи им се приоритет на земјите во развој, бегалците и раселените лица. Верувам дека Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) треба да одигра предводничка улога по ова прашање. Му честитам на господинот генерален секретар поради тоа што во период на услуга и придаде ефикасна насока на Организацијата и ги усмери земјите членки кон компромис со сфаќање за заедничко работење.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во видео пораката што ја испрати по повод одбележувањето на 60-годишнината од формирањето на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

 



Слични вести